Фирмата на Усеини влегла на тендерот за рушење на дивоградбите во Охрид
Нефи Усеини од ДУИ – сопственик на новоотворената пицерија дивоградба кај Чинарот во Охрид, во разговор за „ТВ 24“ потврдува дека неговата фирма Нефи ИК е една од двете пријавени на тендерот за избор на фирма што ќе ги руши дивоградбите во Охрид.
Во четвртокот вечерта, со многу огномет и во друштво на струшкиот градоначалник и сопартиец – Рамиз Мерко, Усеини свечено ја пресече лентата на локалот „Луна“ во заштитениот појас од УНЕСКО.
Објектот се очекува (или можеби не) да биде срушен „штом се создадат услови“, како што најави охридскиот градоначалник Константин Георгиевски. Како една од причините што тие услови сè уште не созреале, се наведува токму тоа што сè уште не е избрана фирма за уривање, истакнува „ТВ 24“.
Доколку Охрид избере проблемите со дивоградбите, вклучително и таа на Нефи Усеини, да му ги решава фирмата на Нефи Усеини, тоа ќе значи дека општината Охрид ќе треба да му плати на Усеини за да ја урне сопствената дивоградба. Сепак, тоа нема да биде прва зделка на Нефи ИК со Охрид. Напротив.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
