Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
Што значи за тебе да ја пронајдеш својата убавина? Одговорот те чека на настанот Find Your Beauty што го организира dm на 24 мај 2025 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од 12:00 до 18:00 часот.
Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm Feel Your Beauty. Во сабота, на 24 мај од 12:00 до 18:00 часот, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе стане местото за средба на убавина, интерактивни работилници, beauty совети и врвна забава!
Како трендсетер на пазарот, dm не само што нуди иновативни производи и услуги, туку и создава платформа за изразување и креативност. Па така, на едно место ќе бидат собрани едни од најпознатите брендови за шминка, нега на лице и коса, но и природна козметика во уникатната атмосфера на СЦ „Борис Трајковски“.
Брендови што учествуваат на настанот се: Balea, alverde, dmBio, sundance, NIVEA, L’Oréal Paris, GARNIER, MAX FACTOR, syoss, essence, AFRODITA, HADA LABO, ziaja, Neutrogena, AURA, Dove, PANTENE, Bioten, Colgate.
За да бидете дел од овој незаборавен настан, сè што е потребно е да ја обезбедите навреме својата влезница, бидејќи бројот на места е ограничен.
Продажбата на влезници е веќе започната и може да ги купите на mktickets.mk и karti.com.mk .
Со секоја влезница за настанот добивате: подарок dm торба, подарок производ од 19 брендови учесници на настанот, бесплатен оброк и пијалак!
Што ве очекува на настанот?
• 19 катчиња за убавина со 19 брендови што учествуваат на настанот, кои за секој посетител ќе обезбедат атрактивни подароци и советувања;
• Можност за бесплатно одредување на типот на кожа, бесплатен маникир и бесплатна персонализирана анализа на боја што ќе ви помогне да откриете кои нијанси најмногу му одговараат на вашиот тен, коса и боја на очи;
• Забавни активности на штандовите: игри, активации и промоција на производи;
• Можност за учество во работилници: изработка на лосиони и балсами за усни, изработка на dream catchers;
• Одлична забава, катче за сликање и зона за опуштање.
Замислен како манифестација од саемски тип, настанот на dm – Find Your Beauty – на присутните ќе им овозможи од сосема нов агол да се запознаат со различните брендови, да добијат разновидни подароци и да освојат вредни награди преку разни активации.
Со својата посветеност на квалитет, одржливост и инклузивност, dm ја поставува рамката за идните трендови во индустријата за убавина. Овој настан е одраз на визијата на dm за убавина – да биде достапна, разновидна и инспиративна за сите.
Обезбедете ја навреме вашата влезница и се гледаме на 24 мај!
Сите содржини и производи на настанот се комплетно бесплатни, а настанот ќе се снима и ќе се фотографира за објавување во медиуми и на каналите на dm.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол