Македонија
11. April 2018 - 18:56

Финансиската полиција не соопштува детали за задржувањето на владиката Петар

Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката г. Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста. 

- Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар,  кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција. 

За порталот „Сакам да кажам“ г. Петар објасни дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде има синодски надлежности.

- За сите детали обратете му се на мојот адвокат. Во моментов влегувам во авион, патувам за Австралија, изјави владиката Петар.