Филмска бркотница: Скопјанец и избегал на полицијата - ја скршил наплатната рампа
Ноќеска во 00.35 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, на пасошка контрола се пријавило патничко возило „Ландровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (50) од Сингелиќ-Скопје. При проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Од страна на полициски службеници, на лицето му било кажано да се паркира со возилото, но тој со големена брзина се упатил кон Скопје без да застане на царинска контрола. Притоа, ја оштетил рампата, а документите од возилото и личната карта ги оставил кај полицискиот службеник. Во 02.10 часот, во шума во близина на гробиштата на место викано „Вражји вир“, било пронајдено паркирано возилото кое го управувал Н.А.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба