Филмот „Џган“ на фестивал во Фиренца

Филмот „Џган“ во режија на Вардан Тозија ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал „Балкан флоренс експрес“ (БФЕ) кој се одржува во Фиренца од 23-ти до 26 февруари.
Во организација на Оксфам Италија и Фондацијата Система Тоскана, Фестивалот ќе опфати преглед на најдобрите филмови од земјите од Западен Балкан и придонесот на филмскиот фонд од регионот Тоскана.
- Многу дебитантски филмови од досега веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот ги имале нивните премиери токму на овој фестивал. Режисерот Тозија ќе биде присутен на фестивалот и ќе го промовира лично своето режисерско деби, соопшти „Дрим фектори“, македонски продуцент на „Џган’.
Филмот, кој е снимен во копродукција со „Red helicopter films“ од Албанија, финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.
Ново на Сител
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
