Македонија
23. January 2026 - 16:32

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост

Сокриените 350.000 евра во ѕид кај судијата Ѓоко Ристов, не се само скандал туку симбол на неказнивост и системска слабост, смета министерот за правда Игор Филков. Настанот не само што ја нарушува довербата во судството туку го загрозува и интегритетот на функцијата судија.

Според Филков, по последните случаи со корупција изсминатиов период, граѓаните со право се прашуваат каде е правдата кога предмети за висока корупција со години стојат без разрешница.

Бидејќи состојбата во правосудството веќе одамна не ги дава резултатите кои граѓаните ги очекуваат, а по проверката на ресорното министерство изминативе две години низ сите судови во Македонија, заклучокот е дека се кубури со кадар и во судовите и во Обвинителствата, а тоа се одразува врз ефикасноста на постапките.

Министерот Филков доставил известување до финансии со кои укажува на потребата од итни вработувања во судкста и јавнообвинителската служба, а подготвен е и новиот закон за академијата за судии и јавни обвинители.

Во Владина процедура е и законот за судска и јавнообвинителска служба, како и законите за плати на членовите на Судскиот совет и советот на јавни обвинители.

Иако претходно премиерот Мицкоски кажа дека судиите и обвинителите не заслужуваат повисоки плати, бидејќи довербата во правосудниот систем е многу ниска, Филков очекува поддршка од коалициониот партнер, бидејќи законите се според реформската агенда и европските стандарди.

Според анкетите на МЦМС за корупција во Македонија минатата година, 79% од граѓаните сметаат дека судиите се вклучени во корупција, додека пак 74% истото го мислат и за обвинителите.