Филипче: Засега не се планираат нови рестриктивни антиковид мерки
Засега не планираме нови рестриктивни мерки поради тоа што сегашниот број на пациенти не ги оптоварува болниците, туку напротив тие се празнат и има се помалку хоспитализирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој рече дека секојдневно разговара со директорите на клиниките за случаите со Ковид-19, кои се тешки и имаат смртен исход.
– Тешките случаи на механичка вентилација се на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Разговараме за пристапот за лекување, за дијагнозата. Многу мал број случаи после последните препораки, само оние најтешки случаи се поставуваат на механичка вентилација. Концептот во меѓувреме уште од почеток на кризата се смени. Едно време на почеток беше таа препорака за механичка вентилација, после за неинвазивна вентилација со што се опремени сите ковид-центри, посочи Филипче.
Во однос на соработката со Светската здравствена организација, министерот нагласи дека е во комуникација со регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
– Повеќе пати сме разговарале со оглед на тоа што ова бара една детална анализа и на ситуацијата со хроничните болести во нашата земја. Експертизата е добродојдена. Добро е и да слушнеме искуства од други земји и од нив како експерти за да дознаеме што повеќе, додаде Филипче.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
