-->
-->
Филипче: Во наредните денови обезбедуваме уште 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло
-->
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Тој го посети и ново отворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.- Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавно-здравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите“, изјави Филипче.
Во ковид центарот во Клиниката за очни болести хоспитализиран е првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети. Клиниката е спремна да помогне во грижувањето на сите оние пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.
Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти и на Клиниката за уво, нос и грло. Во следните денови се очекува да биде комплетно спремна оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
