Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци
„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар.
„Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија. Ја слушав министерката за финансии она кажува британски фирми ќе работат па се збуни кажа после Закон за јавни набавки, ние проверивме не е така“, рече Филипче.
Филипче оценува дека целиот овој процес ја одалечува државата од патот кон Европска унија.
"Се позајмуваме огромни суми на пари, а притоа е закочен процесот на интеграција во ЕУ. За вакви проекти како што најавуваат тоа е пругата ЕУ дава грантови. Зошто ваков заем со кој ќе задолжиме следни генерации, кога можеме да добиваме грантови и далеку поповолни услови“, праша Филипче.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба