Филипче: Состојбата со вирусот е сериозна и критична, итно да се донесат сите законски измени
Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран, апелираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени и повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.
– Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата, напиша Филипче на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
