Филипче со поддршка на кампањата за борба против рак на дојка
Здружението „Борка- за секој нов ден“ денеска организираше настан „Race for the Cure“- Напред розово, во рамки на 13-тата кампања за борба против рак на дојка. На настанот присуствуваше и министерот за здравсво Венко Филипче, кој истакна дека почнувајќи од 2019, заедно е направено многу.
-Системски го подобривме делот на пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином на дојка и други малигни болести. Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите кои не се со живеалиште во Скопје, сега ја примаат терапијата во својот град, а доколку не се подвижни, преку Црвениот крст таа им се носи и дома. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите, посочи Филипче.
Министерот потенцира дека останува посветеност за обезбедување максимална здравствена заштита за сите наши граѓани и активна и инклузивна соработка со граѓанските организации.
-Само со заеднички напори може да го унапредиме нашиот здравствен систем. Редовните лекарски контроли, но и самопрегледот на дојка се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста,напиша Филипче на Фејсбук.
Кампањата за борба против рак на дојка ја поддржа и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа