Македонија
13. July 2021 - 10:50

Филипче: Со ова темпо на вакцинација до крајот на летото може да се надеваме на колективен имунитет

Министерот Венко Филипче на Фејсбук напиша дека до крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет, но само доколку продолжи масовната вакцинација.

- Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација. Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.