Филипче: Службено возило сум користел само за работни обврски во Министерството
Ниту пред, ниту по Штип не сум користел службено возило за никакви други цели освен за работните обврски во Министерството, вели министерот за здравство Венко Филипче, во врска со приговорот на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупција за наводна злоупотреба на службено возило на Министерството за здравство за партиски.
Во својата реакција министерот Филипче појаснува дека во Штип на 28 јуни, бил во посета на штипската болница која од почетокот на корона кризата функционира како регионален ковид центар, а посетил и една градинка во градот.
На настанот тој потенцира дека патувал со возило кое на почетокот на кризата Министерството за здравство го добило од Агенцијата за разузнавање со договор за користење, а не со службено возило на Министерството.
– По завршување на дневните обврски пред заминување за Скопје, во својство на претседател на здравствената комисија на СДСМ бев на настан на кој ја презентирав здравствената програма на коалицијата Можеме. Бев уверен дека постапувам согласно законот, дека нема апсолутно никакви прекршувања и доколку се утврди спротивното се извинувам за ненамерниот превид. Образложението за ова ќе го доставам и до претседателот на Владата, Оливер Спасовски.
Тој посочува дека сите посети на јавно здравствените установи низ земјата во овој период се во насока на согледување на состојбите во установите, начините на кои тие се справуваат со корона кризата, предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници и можностите за унапредување на целокупниот здравствен систем во справување со ковид-19.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот