Филипче: Секој ден има нови случаи со морбили

Секој ден има нови случаи со морбили. Околу 30 пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести од кои најголем број се деца. Вкупниот број случаи од почетокот на епидемијата досега е 150, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Појасни дека резултатите од опфатот со вакцинацијата од почетокот на епидемијата, досега, се одлични.
– Близу половина од невакцинираните деца се до Скопје, сега се вакцинирани и се надевам дека овој тренд ќе продолжи понатаму со што на некој начин како прво ќе го ограничиме ширењето на епидемијата, а и ќе влијаеме во иднина таа да не се случува, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на 4 февруари, Светски ден за борба против рак.
Во врска со тоа дали Клиниката за инфективни болести има капацитет поради големиот број случаи со морбили и со оглед на тоа дека пикот на грипот епидемиолозите го најавуваат овој месец, рече дека таму одвоиле две крила на едно одделение, каде се изолирани пациентите со морбили.
– Нема така голем број случаи со грип засега. Се надевам така и ќе остане. Нешто е помал процентот на случаи во однос на минатите години, меѓутоа Клиниката има капацитет, а доколку има потреба и во други институции, додаде Филипче.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
