Филипче: Притисокот е голем врз службите за Брза помош, чекаме донација на возила од Кина
Министерот за здравство Венко Филипче верува дека возилата за итна медицинска помош со кои располага државата заедно со уште една најавена донација од три возила ќе биде доволна за да се надмине проблемот додека не пристигне големата донација од Кина од 60 возила.
– Чекаме голема помош од Кина која беше најавена за 2020 година, но беше одложена поради Ковид. Тоа се 60 возила за итна медицинска помош и токму тоа беше причината зошто ние го запревме процесот на набавка на вакви возила во 2018 и 2019 година кога набавивме 20 возила, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.
Филипче посочи дека со есенскиот бран, голем е притисокот и врз службите за итна медицинска помош.
Во однос на боледувањата, Филипче рече дека точно е укажано како се продолжува боледувањето, без повторна посета на комисијата и оти ваквото укажување е испратено до сите институции.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци