Македонија
16. August 2021 - 20:29

Филипче: Подолготраен е имунитетот со вакцинирањето во споредба со прележување на болеста

„Има научни студии и од тука е и нашата препорака која јасно укажува дека подолготраен е имунитетот со вакцинација и ревакцинација во споредба само со прележување на болеста .

Сакаме да ги заштитиме граѓаните, точно е дека е можно да имаат антитела, веројатно е дека ќе имаат и 30 и 45 дена по прележувањето, но колективниот имунитет се стекнува со вакцинација, докажано со научни студии дека е потраен од имунитетот кој се стекнува со прележување на болеста.

Препорачана е вакцинација, секаде има протоколи, трансмисија на вирусот има таму каде што не се почитуваат протоколи, а протоколите се така димензионирани да го штитат здравјето на луѓето„ кажа министерот за здравство Венко Филипче во денешната Тема на Денот во Дневникот на Сител Телевизија.