Филипче: По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен

– По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи уверување дека ситуацијата со коронавирусот во земјава ќе има позитивно сценарио.
Тој, одговарајќи на новинарско прашање за тоа до кога ќе трае настанатата состојба и дали може по вонредните мерки воведени во државата состојбата со корона вирусот да има позитивно сценарио, нагласи дека искрено верувува оти ќе има позитивно сценарио, посочувајќи дека ограничувањето на социјалните контакти е нешто што веруваат дека ќе го запре патот на ширење на вирусот.
– Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување на овие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории, нагласи министерот.
Во однос на набавката на респираторни машини, рече дека постапката е прекината и дека ќе биде повторно започната.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
