-->
-->
Филипче: Одлично помина првиот ден од вакцинацијата во А1 Арената
-->
– Одлично помина првиот ден од вакцинацијата во А1 арената Борис Трајковски, објави вечерва на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.
– Во просек се вакцинираат околу 300 лица на час или околу 3000 дневно. Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави Филипче.
Тој потсети дека од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и повика сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф