Филипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН
Универзалната здравствена покриеност е главна цел за здравствени реформи во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Филипче, како што соопшти владината прес-служба, нагласи дека таа цел произлегува од заедничката визија на Владата на Република Македонија и на Министерството за здравство, за здравје и благосостојба на секого и насекаде кон што се насочени и здравствените реформи во земјата.
– Заедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем, а исто така да се зајакне чувствителноста и одговорноста на поединецот за своето здравје и здравјето на другите. Поставувањето на овој проблем како приоритет осигурува дека сите луѓе имаат пристап до здравствени услуги со доволен квалитет, а тоа ќе игра голема улога во намалувањето на здравствените нееднаквости во Македонија, потенцираше министерот за здравство Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на ОН.
Филепче, како што се наведува, информираше дека Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита во согласност со Декларацијата на Астана и дека земјата го продолжи овој процес за време на првиот национален форум за здравствена заштита, што се одржа на 13 февруари 2019 година.
Министерот Филипче го запозна Самитот за универзалната здравствена покриеност за новата визија на земјата за примарната здравствена заштита како клучен национален приоритет насочен кон подобрување на севкупните перформанси на здравствениот систем и истакна дека земјата ја забрзува нејзината имплементација.
– Усогласувањето на примарната здравствена заштита со оваа визија ќе го зголеми нејзиниот капацитет за реакција и ќе обезбеди одржливост на здравствениот систем, спречување и намалување на товарот на незаразните заболувања и подобрување на здравјето и благосостојбата на населението во Северна Македонија, рече во своето обраќање министерот Филипче. Тој посочил дека продолжува мултисекторската соработка и се фокусирани да се обезбеди достапен и висококвалитетен здравствен систем ориентиран кон граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба