Филипче: Македонија ги живее последните недели од епидемијата со коронавирусот
Рестриктивните мерки и вонредната состојба ги дадоа посакуваните ефекти. Бројот на заразени е драстично намален и епидемијата веќе не се шири. Според министерот за здравство Венко Филипче сега сме во фаза кога ги гледаме добрите ефекти на силните рестриктивни мерки, кога имаме затворени градинки, школи и граници и има мирен период.
Тој потенцира дека треба да сме свесни дека вирусот нема да исчезне подолг период. Филипче реално очекува состојбата да се смени дури кога ќе има вакцина и кога ќе се стекне колективен имунитет
-За 10 пати е намален бројот на заболени од ковид-19 во споредба од пред еден месец, што покажува дека епидемијата е под контрола- вели Филипче и дополни дека се реализираат предвидувањата на Комисијата за заразни болести, а тоа според него е резултат на доследно спроведување на препораките на оваа комисија која ги доставува до Владата.
Констатацијата дека епидемијата се смирува е според бројот на новозаболени пациенти, бројот на пациенти во болниците, броотј на пациенти со тешка клиничка слика и на респиратори, бројот на слободни кревети во болниците, бројот на починати лица.
Министерот нагласува дека токму овие фактори се значајно подобри ако се споредат на почеток на епидемијата.
-Сега сме во во последните недели на траење на респираторните епидемии, кога имаме затворени градинки, школи и граници и има мирен период. Но треба да сме свесни дека вирусот нема да исчезне во долг период и сликата ќе се смени дури кога ќе има вакцина и потоа до стекнување колективен имунитет. Пред нас е период кога треба да живееме со вирусот – вели Филипче и дополни дека влошување може да се очекува со отворање на границите.
Министерот смета дека нема да бидеме така комотни кога ќе почнат патувањата надвор, но и враќањето на наши државјани и влез на странци. Особено промени ќе има вели Филипче, како ќе почне школската година, како и во доцната есен кога ќе почнат епидемиите од сезонски грип.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници