-->
-->
Филипче: Клиниката за Кардиологија, според бројот на срцеви интервенции и интервенции кај акутниот срцев удар, е една од најголемите центри на Балканот
-->
Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија, Жан Зимбаков, утринава го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза.
Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за Кардиологија, според бројот на срцеви интервенции и особено бројот на интервенции кај акутниот срцев удар, е еден од најголемите центри на Балканот.
Дневно се изведуваат срцеви интервенции кај 30-тина пациенти, и 5-10 акутни срцеви удари. Истовремено клиниката има голем број на периферни интервенции, пред се каротидното стентирање и интервенциите на артериите на нозете.
– Ова е резултат на работа на цел тим, не само од интервентни кардиолози, туку и ехокардиографисти, интензивисти, и голем средно медицински тим – потенцираше министерот Филипче.
Постојаниот развој на медицината бара следење на сите современи текови и затоа се организираат вакви собири, со присуство на врвни експерти. Денешниот симпозиум има за цел да се прикажат најновите препораки и достигнувања во периферните интервенции.
– Очекувам од следниве два дена да произлезат многу нови знаења и заклучоци кои ќе ја подобрат здравствената заштита во областа на кардиологијата – рече министерот Филипче.
Министерството за здравство ги следи барањата на Клиниката за кардиологија и ги поддржува во нивниот развој. Во следниот период ќе се вложува во подобрување на капцитетите, зајакнување со нов кадар и опрема, како и воведување на нови и современи кардиолошки интервенции во секојдневната работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром