Филипче: Им благодарам на медиумите за коректниот однос во изминатиот период
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција потенцираше дека целиот овој изминат период имаме еден отворен и транспарентен однос, со што се докажа дека медиумите се еден од најдобрите партнери.
„Целиот овој изминат период имаме еден отворен и транспарентен однос. Приказна со апсолутно сите детали, но и аргументација во објаснување на чекорите, мерките, анализите на што се темелат прес-конференциите кои се секојдневни, некогаш и два пати во денот. Така да, во целокупниот овој процес медиумите ги сметавме и на почетокот, и сега исто така, а во меѓувреме се докажа - еден од најдобрите партнери. Заради тоа што само така можеме да успееме, заради тоа што сме сите заедно во оваа борба“, истакна министерот Филипче.
Во однос на присуството на медиумите, нивното вклучување во целиот процес, и за стигнувањето на реакции за можеби нетрпеливост при одговорите, министерот Филипче рече дека ако имало таков начин и од негова страна за време на прес-конференцијата, но и од д-р Жарко Караџовски и од д-р Арбен Зибери дека тоа не било со никаква намера, ниту пак со некаква тенденција.
„Целокупниот процес од почеток го водиме заедно, партнерски со медиумите. И во таа смисла, здравствениот систем, медиумите, граѓаните и институциите кои треба да вршат контрола и санкција се заедно. Сите сме заедно во оваа борба. Секој има свој удел и секој има своја улога. Ние не можеме да ја испратиме пораката до граѓаните кои се еден многу сериозен сегмент во оваа борба ако не се медиумите. Сакам да се заблагодарам апсолутно на сите медиуми за коректниот однос целиот овој изминат период“, изјави министерот Филипче.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави