Филипче: И во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со корона ако имаат потреба од други интервенции

Сите пациенти со коронавирус во земјава, вкупно 48, се во стабилна состојба. И пациентката што е на машина нема знаци на влошување. Денеска е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребен друг тип интервенција, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче информира и дека во Дебар, каде состојбата е засега најалармантна, од утре ќе се упатат уште еден пулмолог и еден педијатар.
-Посебна комисија составена од директори на повеќе клиники и од претставници на Комисијата за инфективни болести ја посети болницата „8 Септември“. Се утврди патот на движење на пациентите, обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини, истакна министерот.
Повтори и дека до 16 часот денеска, регистрирани се шест нови случаи на пациенти со коронавирус или вкупно сега се 48.
-Во Штип е првпат дијагностирана болеста кај четиригодишно девојче инфицирано во градинка во Англија кое со семејството од таму се вратило на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера во Инфективното одделение во Клиничката болница – Штип, два дена откако девојчето ги почувствувало симпотмите. Тоа е хоспитализирано таму, со мајка си, а ќе се земаат брисеви и од други луѓе со кои ова семејство имало контакт. Во Дебар има уште три случаи, во Скопје е потврден еден случај, а има и уште еден случај во Гостивар – жена вратена од Швајцарија, рече Филипче.
Денеска, дополни, е направена и домашна визита на сите кои се на домашно лекување.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
