Македонија
14. February 2021 - 14:32

Филипче ги посети тимот од МЗ и МАЛМЕД кои изготвија записник за прием на вакцината на „Фајзер“

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска на Институтот за трансфузиона медицина го посети тимот од Министерство за здравство и МАЛМЕД кои изготвија записник за прием на вакцината Фајзер.

Во записникот се утврдува дали е почитуван ладниот ланец во тек на транспортот на вакцината како и начинот на отпакување и складирање на вакцината. Вакцините беа спакувани во кутија со сув мраз, каде во одделни кутии се спакувани повеќедозажни вијали.