Филип Хамонд сака Британија да остане на заедничкиот пазар на ЕУ но само во некои сектори
Британскиот министер за финансии Филип Хамонд , сака Велика Британија по Брегзит, да остане на заедничкиот пазар на ЕУ, но само во некои сектори, откриваат лондонските медиуми.
Ваквото тврдење доаѓа по откритието на „Сандеј Тајмс“ дека владините министри се поделени околу ова прашање, навестувајќи дека Хамонд заговара останување на Британија на заедничкиот европски пазар.
Медиумите пишуваат дека за два дена премиерот Тереза Меј ќе го собере сите министри на состанок, по летната пауза и ќе побара од нив секој во својот сектор да се припреми за Брегзит, односно за преговорите за раздружување со ЕУ.
Нема потврда за таквиот владин состанок, но медиумите, повикувајќи со на „свои извори„ отворија своевидна јавна дебата околу иднината на односите на Лондон со ЕУ, по Брегзит.
Министерот Хамонд не ги коментира ваквите наводи во медиумите , освен што прокнзервативниот „Дејли Телеграф„ тврди дека министерот за финансии ќе и сугерира на владата заминување на Британија и од заедничкиот пазар, освен во финансискиот сектор и во автомобилката индустрија.
Се смета дека определбата за останување на заедничкиот пазар на ЕУ, само во некои сектори, би траела се додека земјата не ја „презеде контролата врз своите граници„ под што во Лондон се разбира запирањето на приливот на работна сила од земјите на ЕУ, главно од членките од Источна Европа.
Ваквата расправа се актуелизира за да се заобиколи прашањето за тоа дека Парламентот треба да расправа за референдумот и да ја озакони одлуката на гласачите, од што владата стравува, зашто е многу веројатно дека при гласањето ќе доживее пораз.
Кампањата за Брегзит ги уверуваше гласачите дека Британија и по заминувањето од ЕУ ќе остане на заедничкит европски пазара, но сега се заговара напуштање и на тој пазар, откако стана јасно дека за останување на него, ќе мора да се почитуваат правиата на ЕУ за слободното движење на луге и работна сила.
Неидентификуван пратеник од антиевропскиот блок, побарал владата да донесе одлука со која вработените во владината администрација кои ќе го „попречуваат Брегзит„ да добијат отказ.
Таквата сугестија е налик на налогот од венецуелскиот претседател Николас Мадуро за своите државни службеници, да бидат сменети ако ја потпишат петицијата за референдум за негово сменување, па е осудена во некои лондонски медиуми.
Британскиот синдикат на јавни работници остро го критикуваше ваквиот предлог, обвинувајќи ги ториевците, министрите во владата и оне кои агитираа за Брегзит, за „параноја“.
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот