Филип Хамонд: Брегзит може да се продолжи и на повеќе од две години

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјави дека рокот за Брегзит може да се продолжи на повеќе од две години, за да се „комплетираат сите прашања“ за раздружувањето на Велика Британија и Европската унија.
- Идните односи со ЕУ можеби нема целосно да бидат определени во рокот, што е сега определен од две години и треба да трае најдоцна до март 2019 година, истакна Хамонд на седница на Комисијата за финансии во британскиот Парламент.
Според Хамонд на таквата потреба укажуваат британските бизнис лидери, правните експерти за регулирање на сите прашања од раздружувањето, но и некои домашни политичари.
Тој укажал дека договорот за транзиција може да биде попречуван од разни пречки, главно, околу спогодбата за трговија, за кои Хамонд посочи дека може да предизвикаат финансиска нестабилност во Британија, но и во земјите членки на Унијата.
Лисабонската спогодба, која го регулира ова прашање, предвидува рок од две години за излегување на една земја членка, по покренувањето на членот 50 од спогодбата.
Шефот на преговарачкиот тим на ЕУ, Мишел Барније, меѓутоа, веќе го предупреди Лондон дека тој рок, практично, е пократок и изнесува само 18 месеци, оставјќи ги последните шест месеци за усвојувањето на договорот за Брегзит во Европскиот Парламент.
Изјавата на министерот Хамонд доаѓа по изразената загриженост на британскиот бизнис, како и на финанскиот центар Сити, за тоа што ќе се случи, доколку биде пробиен двегодишниот рок за Брегзит, а посебно, доколку Британија се определи за напуштање и на единствениот пазар на ЕУ, за што најголемиот дел од домашниот бизнис не се согласува.
Претходно, силниот заговарач за напуштање на ЕУ, а сега министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, предизвика бројни коментари, откако во јавност се појави еден негов нацрт-став од кои се гледа дека тој не е вистински заинтересиран за договор за раздружување.
Владата на премиерката Тереза Меј се огради од „работниот документ“ на својот министер и објасни дека позициите на Дејвис не се позиција и на британаката Влада.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
