-->
-->
ФИФА: Платини ги „лапнал“ парите со џентлменски договор
-->

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, признал дека за спорната исплата од 1,8 милиони евра, која ја примил од првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, не постои никаков потпишан договор.
Платини, во интервју за „Le Monde“, рекол дека за сумата од 1,8 милиони евра имал „устен договор“ со Блатер.
„Во секој случај дознав дека во швајцарскиот закон вакво договор има вредност како пишан договор“, рекол Платини кој смета дека е срамно што поради тоа медиумите “го влечат по кал“.
„Тоа беше работа помеѓу двајца мажи. Тој требаше да стане претседател на ФИФА. Да на ФИФА! Јас му верував“, рекол првиот човек на УЕФА, потврдувајќи дека зад исплатата, поради која двајцата од етичкиот комитет на ФИФА се суспендирани на 90 дена, стои Блатер.
На Мишел Платини, во 2011 година на име консултантски услуги кои ги извршил во периодот 1999-2001 година му биле исплатени 1,8 милиони евра.
Поради непостоење на пишан договор, европските фудбалски федерации, најверојатно ќе ја повлечат поддршката за Платини на наредните избори за претседател на ФИФА.
Платини во интервјуто открил и детали како била договорена соработката со Блатер. Тој рекол дека договорот бил направен во 1998 година, откако Блатер бил избран за претседател на ФИФА. Тогаш Платини му предложил на Швајцарецот да стане негов „советник за фудбал“.
„Блатер праша колку пари сакам, а кога му одговорив еден милион, само ме праша: ’Милион што: рубљи, фунти, франци’. Тогаш не постоеше еврото и тој рече дека е во ред тоа да биде еден милион швајцарски франци“.
Дека не се работи за пишан договор индиректно потврди во петокот и Блатер во изјавата за швајцарското радио RROTV.
„Договорот со Платини е џентлменски договор и така беше спроведен“, рекол Блатер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
