-->
-->
ФИФА ја казни Србија со 180.000 евра
-->

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) му изрече висока партична казна, од 215.000 швајцарски франци или околу 180.000 евра, на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) поради инцидентите кои ги предизвикаа српските навивачи во Мундијалските квалификации.
ФИФА санкционирала вкупно шест инциденти, а најблагиот е поради доцнењето на мечот против Ирска, па се до инцидентите на дуелите со Австрија и Грузија, како и недоличните транспаренти и скандирања.
Поголемите казни на ФСС се поради политички пароли кои содржеле дискриминација како и недолчно однесување на навивачите на мечот во Виена, во висина од 90.000 швајцарски франци, додека за организацијата на мечот во Белград казната изнесува 70.000 швајцарски франци.
Воедно, ФИФА ја предупреди ФСС дека следните прекршоци би донеле и многу поголеми последици и казни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
