Фицо: Вонреден самит на Вишеградската група за неквалитетна храна за новите членки на ЕУ

Словачкиот премиер Роберт Фицо најави во Братислава дека Вишеградската група на вонредниот самит следната недела во Полска ќе побара од Европската унија да се спречи неприфатливата пракса во посткомунистичките членки на ЕУ да се извезуваат истите производи со полош квалитет и поинаков состав отколку на Западот.
- Неприфатливо е наднационалните компании да извезуваат на територијата на новите посткомунистички земји производи со полош квалитет, отколку оние што под исто име и со исто пакување се продаваат во продавниците на Западна Европа, изјави Фицо вчера во Братислава.
Повеќе различни тестови во Чешка и Словачка изминатите години покажаа дека составот на намирниците и стоката која ја купуваат „новите“ и „старите“ западни Европејци не се исти и оти на пазарот на посткомунистичките членки производите се со полош квалитет или со посиромашен состав, отколку за западните потрошувачи.
Наднационалните компании досега ги отфрлаа обвиненијата дека на Исток извезуваат неквалитетна стока и тврдат дека разликата во составот е поради „вкусот на потрошувачите“.
- Ќе бараме од Европската комисија во што е можно покусо време да ги усвои прописите и да ја спречи праксата, која ги понижува граѓаните на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.
- Не ја исклучувам можноста Словачка да организира граѓански референдум и да собере милион потписи со цел Европската комисија да мора да се позанимава со прописите, рече Фицо.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
