Фицо: Ставот на В4 кон Британија ќе го подржат и другите членки на ЕУ
Позицијата на Чешка, Словачка, Полска и Унгарија во врска со одбивањето на договорот за Брегзитот, ако Велика Британија ги ограничи правата на граѓаните на земјите од Вишеградската четворка (В4) за работа на нејзина територија, според словачкиот премиер Роберт Фицо, ќе ја поддржат и други земји од Европската унија.
- Сметам дека ако В4 разговора за заштита на националните интереси во врска со статусот на нашите луѓе кои работат во Велика Британија, ќе најдеме разбирање и со другите европски партнери, изјави Фицо за државната Чешка телевизија (ЧТ).
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Фицо потенцира дека регулирањето на односите меѓу ЕУ и Велика Британија мора да се заснова врз почитување на вистинските интереси на граѓаните на В4, притоа потсетувајќи дека во Обединетото Кралство има околу еден милион Полјаци кои работат таму,
- На пример, кога ќе сакате да имате пристап до единствениот европски пазар, ќе мора да ги почитувате четирите основни слободи кои се во ЕУ, а особено слободата на движење, оцени Фицо.
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје