Фицо: Не очекувам намалување на приливот на бегалци од Турција

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека не очекува намалување на приливот на бегалци од Турција кон Грција и покрај договорот меѓу Европската унија и Анкара.
- Неопходно е ЕУ да преземе чекори кон нови мерки за запирање на мигрантскиот прилив, изјави Фицо во интервју за Ројтерс. чии делови пренесува БТА.
Според него, дел од тие нови мерки би било зајакнато обезбедување на границите на Македонија и Бугарија кон Грција.
Фицо нагласи дека Словачка е подготвена да подигне „мобилни бариери“ долж својата граница со Австрија и Унгарија со цел да го насочи во друг правец мигрантскиот прилив, кој според него, за брзо време ќе се зголеми.
Говорјеќи за договорот меѓу ЕУ и Турција, со кој Брисел се согласи да и додели на Анкара три милијарди евра за подобрување на условите за сместување на бегалците на нејзина територија и за спречување на бегласкиот прилив кон Европа, Фицо оцени дека следните две до три недели ќе бидат клучни за да се види дали оваа спогодба ќе профункционира и дали Грција ќе ја зајакне контролата на својата поморска граница.
- Ако не се случи тоа, јас имам многу песимистички очекувања. Тогаш сите ние во Европа ќе се обидеме да ги заштитиме нашите надворешни граници и ќе немаме друг избор освен да го засилиме обезбедувањето на границата по линијата Грција-Македонија и Грција-Бугарија, изјави Фицо.
Тој изрази стравување дека по ограничувањата за приемот на бегалци што ги воведоа Австрија и Словенија, мигрантите сега би можеле да се наочат кон Словачка.
Ваквата потврда линија на Фицо кон мигрантската криза, аналитичарите ја поврзуваат со предизборната кампања во Словачка во пресрет на парламентарните избори закажани за 5 март.
Ново на Сител
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
