ФХ3Х во филмот „Вонземјанин:Завет“ на Ридли Скот
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во визуелните ефекти на филмот „Вонземјанин: Завет“, продолжение на филмот „Прометеј“ од 2012 година, кој од четврток ќе почне да се прикажува во Скопје.
Станува збор за новиот проект на режисерот Ридли Скот, работен според сценарио на Џон Логан и Данте Харпер.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и еден од основачите на ФХ3Х изјави дека на филмот работел тим од околу 110 артисти во периодот од ноември минатата до јануари оваа година.
- Фановите на жанрот научна фантастика со особено нетрпение го исчекуваат овој филм, како што се исчекува и секој нов проект на Ридли Скот. Освен што е продолжение на филмот „Прометеј“ од 2012 година, ова е шести дел од филмскиот серијал „Вонземјанин“. Верувам дека во четврток сите ќе уживаме, изјави Даниловски.
Носители на главните улоги се Мајкл Фасбендер, Кетрин Ватерсон, Били Крадап, Дени Мекбрајд и Демиан Бишир, кои на вселенскиот брод наречен „Завет„ се упатуваат кон планетата Ориџ 6, со намера да ја колонизираат со 2000 патници на бродот и преку 1.400 ембриони. Но, неутронски шок бран го оштетува бродот и додека екипажот се обидува да го поправи, добиваат сигнал на емитувана порака од Елизабет Шо, како последица на катастрофалната мисија „Прометеј“. Наспроти отпорот на дел од екипажот, сепак се донесува одлука да се истражи потеклото на сигналот од блиската навидум ненаселена планета.
Премиерата на „Вонземјанин: Завет“ е в четврток во киното „Синеплекс“ во 20 часот.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите