-->
-->
ФФМ заврши со реновирањето на теренот во Тетово, утре градско дерби
-->

Фудбалската федерација на Македонија го заврши својот дел од договорот, во Тетово официјално пуштен во употреба најмодерниот терен со тревна подлога во Македонија.
Екипите на Шкендија и Ренова в недела ќе го одиграат првиот натпревар на новата тревна подлога на стадионот во Тетово. Денеска официјално беше пуштен во употреба новиот терен на стадионот во Тетово, дел од проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА кои предвидува реконструкција на пет стадиони во државата.
Фудбалската федерација на Македонија ја заврши својата обврска од договорот меѓу ФФМ, општина Тетово и УЕФА и заврши со активностите за изградба на модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди на УЕФА.
Обврска на локалната самоуправа е изградба на покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
-

Со воведни зборови на одбрана продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крај на декември до средина на јануари и крајот на февруари
-

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн
-

Во Лос Анџелес прогласена вонредна состојба поради поплавите
