Loading Video...
Фудбал
30. October 2020 - 14:23

ФФМ реши: „Нема фудбал викендов“ – причина новиот Ковид протоколот

Фудбалската Федерација на Македонија реши викендов да се игра фудбал. Причина е новиот Ковид протоколот донесен од страна на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести.
 
Откако Комисијата за заразни болести препорача, а Владата ги прифати новите протоколи, со кои е предвидено сите екипи на свој трошок да направат задолжителни ПЦР тестови, најмалку 72 часа пред секој натпревар, било да станува збор на официјален или контролен (пријателски) први кои „дигнаа глас“ се фудбалерите, односно екипите од третата лига, ценејќи дека тоа ќе ги донесе до банкрот клубовите кои и онака „кубират“ со финансиски средства. 
 
Следствено на ваквата реакција на третолиогашите денеска ФФМ реши да ги одложи сите натпревари предвидени за претстојниот викенд. 
 
„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) - 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ - Исток и Запад на 08.11.2020 (недела) “, се вели во соопштението од „Куќата на фудбалот“.  
 
Од федерацијата воедно потврдуваат дека до вчера е испратено барање до Комисијата за заразни болести, за да бидат одобрени брзи тестови, со што значително ќе им се помогне на клубовите, но и федерацијата која најави дека на почеток би ги покрила тестовите, а потоа тоа би било обврска на клубовите, но сумата да не е повеќе од 20.000 денари од тестирање по клуб, велат од ФФМ.
 
Сега останува да се види дали ваквото барање кое првенствено доаѓа од фудбалската федерација, ќе биде и барање од останатите федерации, но и каква ќе биде одлуката првенствено на Комисијата за заразни болести, по што ќе биде и многу појасно дали во мак-фудбалот ќе има само еднонеделен прекин или ќе следува подолгорочен мораториум на активностите.