ФФМ организира спортско-забавен ден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со своите партнери и спортски пријатели денеска пред фонтана во Градски парк организира спортско – забавен ден за сите љубители на спортот и фудбалот.
– Секој посетител ќе може да си ја проба среќата на „Тркалото на среќата“, да освои вредни награди во „Трката со вода“, да шутира пенали или да се натпреварува во жонглирање. Заеднички да се обидеме целиот настан пред „Фонтана“ во Градски парк да го исполниме со позитивна енергија и сите, од најмали до највозрасни, да се увериме во користа од спортот и спортувањето, порачаа организаторите.
Посочија дека настанот на Фудбалската федерација на Македонија е поттик за сите поддржувачи на македонската репрезентација да бидат поддршка на претстојниот натпревар на Македонија против Словенија кој се игра в четврток, на 10 октомври на Националната арена „Тодор Проески“.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
