ФФМ: Однесувањето на Даку е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух

Фудбалската федерација на Македонија излезе со официјална реакција осудувајќи ги националистичките и навредливи скандирања на албанскиот фудбалер Мирлит Даку, на вчерашниот меч против Хрватска на ЕВРО 2024.
Во соопштението на ФФМ, се вели:
„Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.
и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.
Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит.
Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата.
Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.
Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика.
Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.
Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место.“
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
