ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Прва и 8. коло во Втора МФЛ, меѓу кои дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери.
Поведена е дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново 77 поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на Прва МФЛ против ФК Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени лица во службените простории.
Дисциплинска постапка е поведена и против Сулејман Алими, извршен директор на ФК Шкендија Арачиново 77, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по истиот натпревар.
Дисциплинска постапка е поведена против ФК Камјани поради слаба организација на натпреварот од 8. коло на Втора МФЛ против ФК Кожуф.
Воедно, Дисциплинската комисија изрече и суспензија за настап на четворица фудбалери: Мартин Тодоров (ФК Шкендија Арачиново) – суспензија од 2 натпревари; Дарко Денков (ФК Детонит) – суспензија од 2 натпревари; Енис Дервиши (ФК Камјани) – суспензија од 3 натпревари; Давид Ристовски (АП Брера Струмица) – суспензија од 1 натпревар.
Ново на Сител
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
