-->
-->
Фетел ја освои Канада
-->
Себастијан Фетел со Ферари победи на трката за ГН на Канада.
Германецот го искористи киксот на Ботас кој се обидуваше да го претекне и ја забележа третата победа оваа сезона со што изби на чело во генералниот пласман откако светскиот првак Хамилтон стигна само до 5. позиција.
Ова е прва победа за Ферари во Канада од 2004г кога триумфираше Шумахер.
Ракометната репрезентација на Македонија го направи првиот чекор кон пласманот на Светското првенство. Избраниците на Раул Гонзалес, во неделата, ја совладаа Романија со 32:24 (15:10).
Овој романски состав е далеку од славните времиња на ракометот во оваа земја. Репрезентацијата што од клупата ја предводи Шпанецот Чави Пасквал, имаше водство на почетокот 0:2 и блесна во последната третина од првиот дел, во останатиот дел од мечот доминираа македонските ракометари.
По почетното водство на Романците, Македонија го искористи моментумот на голманот Ристовски и успеа да ја создаде првата посериозна предност (8:2). Ритовски во првите 15 минути имаше шест интервенции.
Во самата завршница од првиот дел Македонија стигна до 15:8, потоа Романците со два гола ја намалија негативата на пет гола.
Добриот почеток на вториот дел и ја донесоа на Македонија првата двоцифрена предност во 43.минута (24:14).
До крајот од таа негатива Романците успеаја да надоместат два гола, а Македонја обезбеди комотна предност пред реваншот за три дена.
Голамнот Ристовски мечот го заврши со 14 интервенции, а стрелците ги предводеа капитенот Лазаров со осум и Манасков со шест гол.
Возвратниот натпревар ќе се одигра в среда, во Клуж, со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
