Фестивал на фигури од овошје и зеленчук

Основни училишта, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби и здруженија на граѓани ќе бидат дел од 7. Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ што ќе се одржи денеска напладне на Школка во Градскиот парк во Скопје.
Фестивалот традиционално го организира Здружението за промоција и едукација на храна и заштита на биодиверзитетот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ од Скопје.
Учесниците ќе изработуваат фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук. Целта е преку забава и креативна ангажираност подобро да се запознаат и да ги надминат различностите - етнички, верски, интелектуални,...
Фестивалот, како што ифнормираат организаторите, стреми и кон едукација на децата за употреба на здрава храна, подигање на свеста за хигиенските навики при подготвување на храната, како и кон социјализација на децата со посебни потреби и нивно прифаќање во општеството.
Во рамки на „Сочни фигури“ предвиден е и забавен дел, а најдобрите три училишта ќе добијат награди.
Поводот за одржување на Фестивалот е одбележувањето Светскиот ден на храната, 16 Октомври.
Конвивиумот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ - Скопје е невладина организација и членка на мрежата на Слоу фуд во Македонија. Повеќето членови во конвивиумот се деца со посебни образовни потреби, нивни родители и професори од разни струки и училишта.
Ново на Сител
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
