Феноменот „Ел Нињо“ ги загрозува државите на двата брега на Пацификот
Метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“, кој во нерегуларни периоди се појавува над Пацификот, годинава ќе биде еден од најсилните предизвикувачи на долги суши во еден дел и на големи поплави во други делови на државите што се простираат на двата брега на Тихиот Океан.
Меѓународната организација за борба против гладта и сиромаштија „Оксфам’’, со седиште во Сиднеј, денеска соопшти дека до крајот на ноември годинава над пет милиони лица во Пацифичкиот регион, се соочуваат со глад како последица на ефектите од феноменот „Ел Нињо“.
Минатиот месец Метеоролошката агенција на Обединетите Нации соопшти дека поради феноменот „Ел Нињо“ значително се зголемува температурата на водата во централните и источните делови на Пацификот.
Повисоката температура на водата во океанот предизвика долготрајна суша во поголем дел на југоисточна Азија и на Папуа Нова Гвинеја, а суши се предизвикани и во неколку држави од централна и јужна Америка, како и во Етиопија и Малави во Африка.
Покрај податокот за актуелната бројка на пет милиони жители загрозени од глад, „Оксфам’’ предупредува дека без организирана глобална акција за помош на загрозените, во 2.016 година со недостиг на храна ќе се соочат 40 до 50 милиони луѓе од овие подрачја.
„Ел Нињо“, што во превод од шпански значи „детето’’, покрај драматичните временски промени на бреговите на Пацификот, според метеоролозите, наскоро ќе предизвика зголемување и на воздушниот притисок во делови на Индискиот Океан, особено во Индонезија и Австралија.
Од друга страна, ефектите на „Ел Нињо“ ќе предизвикаат пад на притисокот во областа на Тахитите и источниот дел на Пацификот, а сето тоа ќе создаде услови за интензивни циклонски промени, по што следат силни урагани и други метеоролошки непогоди.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата