-->
-->
Фени Инд. очекувано подобар од Струмица
-->

На стартот на последното 28 коло од Првата македонска лига кошаркарите на Фени Индустри извојуваа лесна и убедлива победа против Струмица од 82-67. Кавадарчани со фуриозниот старт, премиерните десет минути ги добија со 34-15 на дуелот во Јасмин го најави сигурниот триумф против Струмица. Во втората делница гостите од Струмица одиграа многу подобра и ја добија четвртината со 20-16.
Избраниците на Малинков предводени од маестралниот Карло Враговиќ кој мечот го заврши со 31 поен 6 асистенции и 7 скока, на почетокот на второто полувреме повторно се вратија во посакуваниот ритам и го зголемија водството на убедливи 74-50. Во продолжението гостите го искористија опуштањето на домашните кошаркари и стигнаа до достоен пораз од 82-67. Покрај Враговиќ , одличен меч во Јасмин одигра и Николовски со 16 поени и 8 скока. Во редовите на Струмица прв стрелец е Андрејевиќ со 19 поени и 6 скока.
Последното 28 коло од регуларниот дел во нашето најсилно првенство завршува викендов со дуелите, Работнички - Кожув, Бест - Куманово и дербито во недела МЗТ Скопје А. - Карпош Соколи .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
