-->
-->
Фелер: Невакцинирани фудбалери не смеат на терен?!
-->

Фелер, кој беше дел од германскиот тим кој ја освои титулата во 1990, а во 2002 година стигна до финалето како селектор, во моментов е спортски директор на Баер Леверкузен, но имаше коментар за случките во ривалите од Баерн.
Кимих мораше да пропушти два меча поради тоа што беше во изолација поради контакт со заразени со КОВИД-19 додека одбива да се вакцинира, по што се тврди дека ќе ја загуби платата за времето во изолација. Шефовите на Баерн се заканија и на невакцинираните Серж Гнабри, Џамал Мусијала, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Мишел Кузанс дека и нив ги следува иста казна. Фелер смета дека овие фудбалери се непристојни.
„И кај нас имавме проблем бидејќи сите не беа ентузијасти за вакцинирањето и не беше лесно да се убедат. И ние имавме двајца, тројца, кои сметаа поинаку едно време, но сега сите во тимот имаат две дози вакцина. Ако не постои медицинска причина, тогаш мора да се вакцинираат. Кога не го прават тоа, тогаш се непристојни и морат да ги сносат последиците, не само за фудбалот, туку и во обичниот живот“, изјави Фелер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана