Фејсбук воведе мерки на цензура за да се врати на кинескиот пазар

Фејсбук создаде софтвер за цензура, за којшто веруваат дека би ги задоволил условите на Кина за најголемата глобална социјална мрежа, по седумгодишна забрана, да се врати во втората по големина светска економија, пишува „Њујорк Тајмс".
Имено, софтверот претставува своевиден „филтер“, т.е. спречува некои објави да се појавуваат на почетната основна страница, каде што се појавуваат новостите. И тоа ќе важи само за некои реони. Програмата е одобрена од извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг.
Во март оваа година Цукерберг се сретна со Лиу Јуншан, висок кинески функционер, кој меѓу другото е и шеф на Групата за пропаганда и идеологија.
Кина го забрани Фејсбук во 2009 година, во обид да се спречи неконтролиран проток на информации околу етничките немири во Урумчи, при што загинаа 140 луѓе.
Ново на Сител
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
