-->
-->
Фејсбук тестира функција за блокирање на одредени зборови во нашите профили
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/november/facebook-logo-201032.jpg?itok=qejLiBWi)
Некогаш имаме потреба да избришеме пораки од ѕидот на нашиот Фејсбук профил, бидејќи не сакаме да ги видат другите корисници. Во некои ситуации, содржината можеби не е соодветна и не сакате таа да биде јавно достапна за секого. Фејсбук веќе започна тестови со интересна нова функција која има цел да го олесни овој процес. Благодарение на тоа ќе имаме можност да блокираме одредени зборови или фрази, за да не се прикажуваат на нашиот ѕид.
Според „9 ту 5 мек“, во блиска иднина ќе гледаме дополнителен панел со кој ќе ја филтрираме употребата не само на зборови и изрази, туку и на емотикони, и тие станаа незаменлив дел од современата комуникација. Taка ќе имаме уште поголема контрола над содржината што ја гледаме, а исто така и брзо ќе блокираме објави кои ги содржат несоодветните зборови, изрази и емотикони на Фејсбук.
Коментарите со зборовите што ги забранувате нема да се појавуваат во вашата сметка, но ќе бидат видливи за сите други. Интеграцијата на таков систем е уште една алатка со која компанијата ќе се обиде да го спречи ширењето на навредливи или непристојни содржини. Функцијата сѐ уште се тестира и не знаеме кога ќе може да ја користиме.
Можноста да ги блокираме зборовите или изразите ќе нè поштеди од непријатностите при закачувањето на несоодветни содржини во нашата сметка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата