Фејсбук негативно влијае на бракот

Ако сакате да го зајакнете вашиот однос со партнерот или партнерката треба итно меѓусебно да се „избришете“ од Фејсбук, порачува њујоршкиот брачен терапевт Иан Кернер.
Кернер неодамна кратко отворил Фејсбук профил и многу брзо заклучи дека активноста на оваа социјална мрежа негативно влијае на неговиот брак.
- Неодамна заклучив дека не сакам сопругата да ми биде пријателка на Фејсбук. Имено, не сакав никакви дополнителни информации за тоа што таа мисли и како моментално се чувствува. Поточно, ги сакав многу помалку, а повеќе тајност и непредвидливост, рече тој.
- Воопшто не ме интересираше нејзиното постирање за тоа дека е многу уморна и дека тој ден испила три филџани кафе. Многу брзо ја избришав од списокот на пријатели, а тоа им го препорачувам на сите двојки, советува Кернер.
Голем дел од околу 1,4 милијарди корисници на Фејсбук се почесто својот живот го водат токму онлајн. Кернер не негира дека многу информации кои нашите партнери или партнерки ги објавуваат на нивните Фејсбук страници можат да ги зближат, но предупредува и дека во бракот или врската е важно да се негува малку таинственост.
Таинственоста и непредвидливоста на секоја врска и дават посебно чувство и димензија, уверува њујоршкиот брачен терапевт.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
