Фејсбук на Конгресот денеска ќе му ги даде на увид руските политички реклами
Компанијата Фејсбук соопшти дека планира денеска да предаде на американскиот Конгрес копиии од околу 3.000 политички реклами на својата мрежа за кои се сомнева дека ги купиле Руси за време и по претседaтелските избори во САД во 2016 година.
Фејсбук веќе призна дека дал информации до специјалниот советник на САД Роберт Милер во истрагата за руско мешање во претседателсксте избори.
Москва демантира вмешаност во претседтелските избори.
Основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг претходно ги отфрли обвинувањата од американскито претседател Доналд Трамп, кој рече дека таа компанија е против него, но додаде и дека жали поради своите изјави по изборите.
Претставници на Фејсбук, Твитер и Гугл се повикани да сведочат пред Разузнавачки комитет на американскито Сенат на 1 ноември за наводите во врска со мешањето на Русија во американските избори.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани