-->
-->
Фејсбук ги воведува новите функционалности на популарната опција Лајк
-->
Најпопуларната социјална мрежа, Facebook наскоро ќе ги воведе новите функционалности на популарната опција Like. Иако многумина посакуваа опција Dislike, социјалната мрежа ќе ја воведе верзијата Reactions, која во следниот период ќе стане достапна за корисниците на мрежата ширум светот.
Компанијата уште во октомври објави дека ги тестира Reactions, кои во основа се шест емотикони кои им овозможуваат на корисниците да прикажат широк спектар на емоции во коментарите и постовите. Дел од новите опции на Like функцијата ќе бидат „лутината“, „тагата“, „радоста“, „смеењето“, „изненаденост“ и „љубов“.
Првично, во рамките на тест периодот, Reactions беа достапни само за корисниците во Ирска и во Шпанија.
Марк Закерберг при воведувањето на овие опции изјави дека „лајкот“ не е секогаш соодветен во комуникацијата, бидејќи понекогаш корисниците сакаат да изразат разбирање и сочувство.
Дневно на Facebook се „лајкува“ повеќе од шест милијарди пати, па тоа е исклучително важна функција за мрежата, како и за сите компании кои на тој начин комуницираат со публиката и корисниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга