Тенис
16. December 2023 - 20:32

Федерер сè уште недостижен за Ѓоковиќ според заработката

Светскиот рекет број 1 Србинот Новак Ѓоковиќ во 2023 година го истисна Шпанецот Рафаел Надал од второто место според заработувачката во светот на тенисот, но Швајцарецот Роџер Федерер сè уште е недостижен во оваа категорија.

Ѓоковиќ со освојувањето на АТП финалниот турнир во Торино минатиот месец инкасираше дополнителни 4.4 милиони долари и дојде до бројката од 520 милиони долари кои досега ги заработи во кариерата. Вклучувајќи ги приходите и од спонзорства, Ѓоковиќ го престигна Надал, кој досега заработи 515 милиони долари.

На врвот на листата останува Федерер, кој во текот на кариерата заработи 1.2 милијради долари, што е повеќе од заработката на Ѓоковиќ и Надал заедно.

Иако професионалната кариера ја заврши во 2022 година, Федерер сè уште заработува од бројните спонзорски договори кои само во 2023 му донесоа заработка од 95 милиони долари.