Федерер не планира враќање на тенисот

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година.
„Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени.
„Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде поставено, но ми е мило што беше, па можев да разјаснам, во случај некој да се сетил на тоа“, додаде поранешниот светски рекет број 1.
Федерер, сепак, денеска на кратко ќе се врати на теренот и ќе одигра ревијален натпреварот на теренот „Артур Еш“ во Њујорк.
Организаторите на УС Опен објавија дека Федерер ќе одигра еден сет во поединечна конкуренција против Енди Родик и еден сет во двојки со Џон Мекинро против Родик и Андре Агаси.
Ова ќе биде негов прв настап на Отвореното првенство на САД од 2019 година, каде освои пет титули во кариерата.
Неколку денови по ревијалниот настан, Федерер официјално ќе биде примен во Тениската куќа на славните. Церемонијата ќе се одржи на 29 август во Њупорт.
МИА
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
