-->
-->
Фед куп: Македонија без Ѓорческа
-->
Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ги почнува мечевите во рамките на третата евро-африканска зона на Фед купот што се играат во Улцињ.
Македонија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Република Ирска, Ерменија и Исланд. Во Улцињ 17 селекции се поделени во четири групи.
За Македонија поради настапот на фјучрсот во Истанбул нема да настапи нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, а според тоа селекторот Дејан Маринковиќ се реши за тенисерки Магдалена Стоилковска (20), Катарина Маринковиќ (16), Нора Христовска (15) и Елена Јанкуловска (15).
Во првото коло од групата Македонија утре игра против Ерменија, а во среда противник ни е селекцијата на Република Исрка. По слободниот ден во четврток, во петок во третиот меч од групата Македонија ќе игра против Исланд. За борбата за пласман нашата селеција ќе разигрува со една од селекциите во групата Д Црна Гора, Косово, Норвешка, Мароко и Мозамбик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје